
Како влијае пандемијата врз животот на жените и девојките? Кои се нивните потреби, обврски, навики и каков е нивниот животен стил? Со какви проблеми и предизвици тие се соочуваат откако се рашири вирусната пандемија КОВИД – 19? За да добиеме јасна слика за состојбата на жените во време на пандемијата НЕКСУС Граѓански концепт спроведе анкета за истражување на овие состојби во периодот од 29 април до 01 мај 2020 година. На анкетата која беше споделена на Фејсбук одговорија вкупно 1790 жени и девојки.
Со оваа кратка анализа ви ги претставуваме дел од одговорите кои беа особено важни за истражувањето. Целосното истражување наскоро ќе може да го погледнете на оваа веб страница.
НЕКСУС Граѓански концепт упатува голема благодарност до сите испитанички за големиот интерес да учествуваат на оваа анкета!
Анализа на истражувањето – АЛБ