Нексус – Граѓански концепт

Нексус – Граѓански концепт

З.Г. „Нексус – Граѓански концепт“ е непрофитна, невладина и непартиска организација.

+389 70 999 425
Email: info[at]nexus.org.mk

Нексус – Граѓански концепт
Ул. Васил Ѓоргов 33/37, Скопје

Отвори преку Google Maps
  • English
  • македонски
  • ПОЧЕТНА
  • ПРОГРАМИ
    • П/БПНЕ
    • ЈАКНЕЊЕ НА МЛАДИТЕ
    • МЕЃУЕТНИЧКА КУЛТУРА И ТОЛЕРАНЦИЈА
    • МИГРАЦИИ
  • ПРОЕКТИ
    • АКТИВНИ
    • РЕАЛИЗИРАНИ
  • ПРОДУКТИ
    • АРХИВ
    • ПУБЛИКАЦИИ
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ

Проектот „Информирај се, биди активен, гласај!“ – комплетиран

од Administrator / понеделник, 25 декември 2017 / Објавено во Uncategorized @mk, Јакнење на младите, Реализирани проекти

Сите планирани активности беа спроведени според динамиката пропишана во проектниот документ, без никакви отстапувања. Клучните прашања како, зголемување на свеста кај младите за важноста на процесот на гласање и дека нивниот глас не претставува само право туку и обврска, беа адресирани преку кампањата Информирај се, биди активен, гласај!.

За првпат во Македонија е воспсоставена Платформа за активна граѓанска од ваков тип наменета за младата популација, но и за сите останати  граѓани со право глас. Платформата даде можност на едно место да се најдат сите програми на актуелните градоначалници, како и програмите на кандидатите на 20-те поголеми (урбани) општини во Р.М.

  1. Подготовка на Платформа за стимулирање на активна граѓанска партиципација во вид на информативна и интерактивна веб апликација ( web App), достапна за сите компјутери, паметни телефони и андроиди. На апликацијата можат да се погледнат резултатите од гласањето.
  2. Подготовка на промотивен видео клип (двојазичен – алб/мак) во форма на „презентација на брзо цртање на бела табла“ (“speed draw whiteboard presentation”)
  3. ТВ дебата и промотивен настан со панел дискусија пред младата популација.

Веб апликацијата, беше отворена за гласање на 1 октомври, 2017 и во период од 1 до 15 октомври 2017 година, била видена од страна на 4484 лица од кои: 968 лица ја отвориле апликацијата и направиле преглед на истата, 687 лица биле активни корисници на апликацијата (отворање на подменија, гледање на видео клип и сл.), додека пак, гласале за конкретна програма само 264 лица, од кои 151 лице на возраст од 18-29 години, жени 144 и мажи 120, македонци 216, албанци 16, власи 6, бошњаци 8, роми 1, срби 3 и турци 14 лица. Со високо образование 127, Доктор на науки 8, Магистер 31 и средно образование 95 лица.

Битно да се напомене е дека, програмите на кандидатите за градоначалници, тешко се изнаоѓаа и од тие причини моравме да се фокусираме на 20 поголеми (урбани) општини, но и времето за прибирање на податоците поради доцнежното комуницирање на програмите од страна на кандидатите, беше максимумот кој можеше да се извлече за овој краток период.

Препораката која произлегува од нашите активности е да периодот на доставување на програмите на партиите биде заедно со доставувањето на кандидатите, како за градоначалници во случајов за локалниите избори, така и за парламентарните. Сето ова, во насока на давање време на граѓаните подетално да се запознаат со активностите кои кандидатите планираат да ги направат, да имаат можност и време да ги споредат истите и на крај самите да одлучат за програмата која е од нивен интерес.

Прегледот на резултатите сумирани може да ги погледнете на следниот ЛИНК

Civica Mobilitas

  • Tweet
Tagged under: CIVICA, избори, млади, Цивика

Последни објави

  • Документи за потребите на членовите на Националниот комитет кои го спроведуваат Националниот план за РРР

  • „INCLUSIVE CLASSROOM FOR ALL CHILDREN“ Oсновни училиште Наим Фрашери, Општина Студеничани – Трет настан во заедницата

  • Second Round table discussion with local stakeholders on implementation of the previous and preparations for the new National Prevention Strategy of Violent Extremism (CVE) 2023-2026

  • ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ НАСИЛСТВОТО НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ

  • Дискусија на тркалезна маса со локалните чинители за имплементација на претходната и подготовка на новата Национална стратегија за спречување на насилен екстремизам (СНЕ) 2023-2026

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • Новости и активности
  • Програма за соработници
  • Прес
  • Годишни извештаи
  • Истражувања и анализи
  • Закони и регулативи
  • Тренинг програма
  • Објави од соработници

БИДЕТЕ ВО ТЕК

Претплатете се и добивајте известувања за сите наши најнови активности.

Не праќаме непотребни пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

T +389 70 999 425
Email: info[at]nexus.org.mk

Nexus Civil Concept
St. Vasil Gjorgov 33/37, Skopje

Open in Google Maps

151 days agoWestern Balkan Study visit in Stockholm Sweden on Violent Right-Wing Extremism. @RANEurope thanks for organizing t… https://t.co/KwBZcCeUYq
Follow @NexusCivil
  • СЛЕДЕТЕ НÈ
Нексус – Граѓански концепт


© 2017 Заштитени авторски права

НАГОРЕ