ИНФОРМАЦИИ ЗА НАС

З.Г. „Нексус – Граѓански концепт“ е непрофитна, невладина и непартиска организација која верува дека демократијата има вредност, но сепак е кревка и зависи од квалитетот на односите меѓу граѓаните и државата. Ние се стремиме да го поттикнеме граѓанинот а особено младите на ненасилен начин да ги реализира идеалите за права и слободи преку надградба на своите вештини, знаења и користење на расположливите ресурси.

Нашата визија е за демократско општество со граѓански концепт, во кое граѓаните се слободни со мисла и говор и каде владеењето на правото е од централно значење за општеството во кое живееме.

Нашата мисија е да создадеме концепт за враќање на демократијата во нејзиното вистинско значење и место преку слободно и активно учество на граѓаните, а особено на младите,  во процесот на креирање политики и носење на одлуки кои се од интерес на општествената заедница.

Наши главни цели се:

  • Јакнење на капацитетот на граѓаните и граѓанските организации
  • Развивање на свеста кај граѓанинот за можноста да прави промени во системот на вредности во општеството
  • Да го премостиме јазот помеѓу вештините и учеството во креирањето на јавните политики
  • Да ги охрабриме граѓаните а особено младите луѓе да одиграат активна улога во креирањето на политиките во интерес на општеството.
  • Промовирање на политичка писменост, социјално и морално разбирање и активно учество во општеството и заедницата.
  • Поттикнување на национална и регионална мултикултурна и мултиетничка соработка
  • Европеизација
  • Инвестирање и градење на сопствените капацитети како одговор на актуелните предизвици во општеството

Наши главни задачи се:

  • Учество во промоција и поддршка на процесот на донесување на одлуки и јавни политики
  • Активна соработка со сите меѓународни, тинк тенк, невладини организации, фондации и здруженија на граѓани, правни и физички лица, државни тела, институции и приватен сектор, со цел реализација и постигнување на целите на организацијата
  • Развивање на проекти, независни истражувања, настани, дискусии и јавни дебати.
  • Активно следење на европски трендови за постојана надградба со најновите методи и техники за постигнување на целите на организацијата

НАШИОТ ТИМ

Запознајте ги членовите на нашиот тим!

Афродита Муслиу

Извршна директорка

Афродита Муслиу, извршна директорка на НЕКСУС Граѓански концепт од 2016. година. Поседува искуство над 19 години во граѓанскиот сектор. Активна во истражување на религиозни и етнички прашања, со фокус на верскиот радикализам и етно национализмот. Прашања поврзани за улогата на жените и младите во општествената сфера и истражувања во насока на ранливите категории на лица.

Драгана Маневска

Програмски координатор

Драгана Маневска – Програмски координатор. Дипломиран социолог во областа на евроинтеграции со 16 годишно искуство во невладиниот сектор. Својот општествен активизам го докажува преку членување во невладини организации и реализирање на многубројни прокети во областа на човекови права, права на жени и млади, личен и професионален развој на млади лица, како и едукација во областа на финансиска писменост. Својот интерес кон невладиниот сектор го докажува и преку волонтирање во хуманитарни организации. За граѓанскиот сектор верува дека е коректор и двигател на едно општество.

Александра Николовска

Програмски асистент

Александра Николовска – Програмски асистент. Магистер по економија во областа на сметководство и ревизија со шест години работно искуство во областа на финансиите и реализација на ИПА проекти.

НАГОРЕ