
Насилството на трибините е значаен предизвик, на кој не секогаш му се посветува нужното внимание. Истражувањето на НЕКСУС Граѓански концепт, насловено “Идентификација на фактори кои влијаат врз насилството на спортските терени”, како што кажува и насловот се фокусира токму на оваа тема. Истражувањето е теоретски фундирано, емпириски насочено со користење на квантитативни и квалитативни методолошки техники. Во таа смисла истражувањето е многу амбициозно и претендира да расветли една многу значајна но ретко обработувана тема во Република Северна Македонија. Резултатите укажуваат на потребата од менување на образецот на навивачката култура во државата, на политиките кои треба да се спроведуваат и институциите за нивното спроведување.
Истражувањето е дел од прокетот „Мултикултурализам и радикализација: Нови пристапи кон старите проблеми“ спроведуван од NEXUS Civil Concept во партнерство со Akva Zdruzenie и Horizon Civitas, a со поддршка на Civica Mobilitas