![IMG_5809[1]](https://nexus.org.mk/wp-content/uploads/2017/12/IMG_58091-420x280.jpg)
Третиот и последен ден од #PTXMacedonia работилницата со граѓанските организации, беше ден за презентирање на проектните идеи пред жири комисија. Три организации беа избрани за најдобри предлози, една од нив е нашата организација НЕКСУС – Граѓански концепт на која и беше доделена награда, со цел развивање на проектната идеја: Веб апликација Citizens4Community (Граѓаните за општината) – Работиме заедно за Транспарентност и отчетност. Веб апликацијата ќе функционира како интерактивна апликација на која граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми поврзани со животната средина поделени во категории, да фотографираат и снимаат видеа и да ги прикаќат на веб апликацијата, да разговараат за локални проблеми, со цел да се подигне свеста помеѓу сите релевантни чинители во општината, и ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.