
НЕКСУС – Граѓански Концепт започнува со имплементација на проектот „I elect, I watch“ заедно со партнерската организација Центар за едукација и развој (ЦЕР) од Теарце. Проектот е дел од грантовите на Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје, во соработка со Асоцијација за Менаџмент Консалтинг 2000 (МКА-2000) и Центарот за истражувачко новинарство СКУП- Македонија (СКУП-Македонија) го имплементира проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015”.
Претставник на НЕКСУС – Граѓански Концепт е еден од двата програмски ескперти за подготвка на квартални извештаи за дадените СИГМА принципи и студијата на случај за Тетовскиот регион.
Проектот ќе биде со времетраење од 15 месеци.
Опште цела на проектот: Подобрување на работата на локалните самоуправи преку воспоставување на мониторинг механизми и стандарди според СИГМА принципите за јавна служба и управување со човечки ресурси и управување со јавните финансии за продолжување на реформите во јавната администрација
Специфична цел на проектот: Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти за учество во креирање и следење на јавните политики засновани на докази и анализи.
Целна група: Единиците на локалните самоуправи Теарце и Тетово
Очекувани резултати:
- Воспоставени механизми за мониторирање на Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) со цел спроведување на реформите на јавната администрација (РЈА).
- Локалните Граѓански организации (ГО) активно учествуваат во мониторирање и следење на работата на локалните самоуправи поврзани со РЈА.
- Примена на воспоставените стандарди за следење на СИГМА принципите: Јавна служба и управување со човечки ресурси и Управување со јавните финансии во Општините Теарце и Тетово.
- Изработена студија на случај за Тетовскиот регион
Локација: Општина Теарце и Општина Тетово
- Подготовка на пет квартални извештаи за примената на СИГМА принципите опфатени со проектот на ниво на единиците на локалната самоуправа.
- Организирање на дебата на локална ниво со цел поттикнување дискусија за јавните политики помеѓу релевантните актери
- Подготовка на студија на случај за еден од СИГМА принципите
- Организирање на завршна конференција за презентација на наодите и продуктите од проектот.
Повеќе за проектот причатејте на веб страницат на ЦУП