
Кампањата е со цел да ги мотивира младите преку разни активности. Имено, проектот е во пресрет на локалните избори во РМ. Целта на проектот е да ги опфати средношколците и студентите од УКИМ, ДУТ-Тетово, но и сите останати граѓани на Р. Македонија со право на глас.
Општата цел на проектот е: да се поттикнат младите да го остваруваат своето право на глас, како клучен елемент за промена на нивниот однос кон изборниот процес, гласањето и партиципирањето во донесување одлуки.
Специфична цел на проектот е: Подигнување на свеста на општата јавност, особено на младите за важноста на учеството во процесот на гласање, креирање и носење одлуки од нивен интерес, промоција, поддршка и поттикнување на активното граѓанство, преку воспоставување на платформа за стимулирање на активна граѓанска партиципација.
Очекувани резултати:
- Развиена свеста кај младите за важноста на нивниот глас, и дека гласањето не е само нивно право, туку и обврска;
- Зголемена излезност на младите гласачи за дополнителни 15%;
- Mладите се охрабрени критички да размислуваат, учествуваат во процесите на донесување одлуки, и ги чувствуваат придобивките од практицирање на демократските процеси;
- Зголемена видливоста на младите во политичките агенди и манифестите на политичките партии;
- Воспоставена Платформа за активна граѓанска партиципација во форма на мобилна апликација за паметни телефони, која ќе продолжи да функционира и за сите понатамошни изборни процеси.
- Воспоставена „култура на гласање“, оној кој гласа за првпат, ќе гласа и понатаму во својот животен процес.