
ПОВИК бр.13/2021
за избор на продукција за подготовка на видео документиран материјал
- НЕКСУС – Граѓански концепт во рамките на проектот ,,Патот до НАТО: Достигнувајќи ја влезната врата на Алијансата” објавува повик за избор на продукција за подготовка на видео документиран материјал
- Опис на услугата:
Снимање на дел од активностите кои ќе се спроведуваат во рамки на проектот ,,Патот до НАТО: Достигнувајќи ја влезната врата на Алијансата”, монтирање на материјалите и продукција на концептуален документарец.
Од избраниот извршител на услугите се очекува:
- Да спроведе интервјуира со релевантни говорници. Изборот ќе се прави со поддршка на канцеларијата на НЕКСУС Граѓански концепт;
- Истражување и прибирање соодветен материјали од телевизиски архиви за почетоците на државата во процесите за влез во НАТО кои подоцна ќе се употребат во монтажа;
- Да монтира дел од извадоци од видео материјалот и да направи продукција на концептуален документарец;
- Да ги достави видео документираните материјали до НЕКСУС Граѓански концепт. Финалната верзија на Видеото треба да биде целосно доставено најдоцна до 30.11.2021 година.
- Временска рамка
Временска рамка за спроведување на услугата е во период од потпишување на Договорот со добавувачот до времетраење на проектот т.е. до 30 ноември 2021 година. Нексус го задржува правото за измена на временската рамка и испорака на нарачаната услуга во зависност од потребите на активностите кои ќе се реализираат во рамки на проектот.
- Изработка на понудите
Продукцијата треба да има претходно искуство во изработка на слични услуги.
Понудата треба да содржи:
- Референтна листа од изработени слични услуги;
- Финансиска понуда (вкупна цена за услугата).
Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
- Постапка за избор
Административна проверка на добиените понуди ќе овозможи утврдување на прифатливи понуди, предмет на евалуација, а кои ги исполнуваат барањата од точка 4. Критериум за доделување на договор е економски најповолна понуда.
За извршител на услугата ќе биде избран понудувачот чија понуда ќе освои најголем број на бодови за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
- Референтна листа: 40 бода
- Цена: 60 бода
- Краен рок и начин на поднесување на понудите
Понудите се доставуваат по електронски пат на следниот емаил: info@neхus.org.mk и nexus.civil.concept@gmail.com со назнака ,,Повик бр.13/2021 за подготовка на видео документиран материјал”. Краен рок на доставување на понудите е до 13.09.2021. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на Повикот, нема да бидат земени во предвид. За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на емаил адресата info@nexus.org.mk.
Рок на важност на понудата: 8 дена