
ПОВИК 12/2021
(со продолжен рок )
за ангажирање на правно лице/експерт-и за подготовка на програма за граѓанско образование на младите за справување со радикализација која може да води кон насилен екстремизам и промовирање на интеркултурна, социо-економска и медиумска писменост (ЛОТ1) и спроведување на обуки за млади и граѓански организации (ЛОТ2)
Опис на проектот
НЕКСУС – Граѓански концепт заедно со Иницијатива за Европска Перспектива (ИЕП) од Скопје како водечки партнер и партнерските организации Аква од Струга, Центар за интеркултурен дијалог од Куманово и Градење на заедницата од Митровица, Р.Косово, го спроведува проектот ,,Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)”. Целта на проектот е градење на отпорност кај младите за борба против радикализацијата која може да води кон насилен екстремизам.
За потребите на проектот, НЕКСУС Граѓански Концепт има потреба од подготовка на програми за граѓанско образование на младите за справување со радикализација која може да води кон насилен екстремизам и промовирање на интеркултурна, социо-економска и медиумска писменост (ЛОТ1) и спроведување на обуки за млади и граѓански организации (ЛОТ2).
Повеќе за повикот прочитајте подолу
- Повикот
- Изјава
- Референтна листа
Проектот ,,Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” добиен врз основа на грант со Договор бр. IPA/2020/419-587 помеѓу Европската Комисија и Иницијатива за Европска Перспектива (ИЕП) и ко-финансиран од Цивика мобилитас, во партнерство со НЕКСУС – Граѓански концепт од Скопје, Аква од Струга, Центар за интеркултурен дијалог од Куманово и Градење на заедницата од Митровица, Р.Косово