Едноставно, не е само доволно да ги стимулираме младите да отидат до гласачкото место и да гласаат. Потребен ни е подобар квалитет на гласањето. Не сакаме само повеќе гласачи, сакаме подобро информирани, подобро ангажирани гласачи.

Да се биде дел од процесот на донесување одлуки од самиот почеток и да се знаат придобивките од демократските процеси и механизми ќе се подобри статусот на младите во општеството, ќе ја намали нивната апатија и ќе ја промени перцепцијата дека нивниот глас нема значење во процесите на донесување одлуки. Имено, младите ќе разберат дека нивниот глас како дел од овие процеси е од огромно значење за градење и планирање на нивната иднина овде, во Македонија, а не во друга земја.

Очекувани резултати

Зголемена свеста кај младите за важноста да се учествува во процесите на донесување одлуки. Воспоставена „Култура на гласање“!

Подобро информирани млади гласачи / зголемен квалитетот и бројот на млади гласачи.

Повеќе млади луѓе ги разбираат предностите од демократијата.

Зголемен оптимизмот кај младите во однос на нивната иднина во земјата.

Истражувања и анализи

Тренинг програма

НАГОРЕ