
Проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“ воведува нова Платформа која ќе биде предводена од граѓански организации за граѓанско образование на млади и ќе има за цел да обезбеди, презентира и да споделува позитивни алтернативи и контра-наративи против радикализација на младите, преку нудење на едукација за генерирање на идеи за развој на заедницата, социо-економски активности и мултикултурна соработка.
Улогата на Платформата е да работи со млади и граѓански организации и да ги зајакнува нивните капацитети во насока на градење мир, соживот и толеранција.
Со овој повик се покануваат сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации и/или неформални групи на млади (асоцијативно членство) активно да учествуваат во воспоставувањето и градењето на Платформата.
Зачленувањето во Платформата се врши со пополнување и доставување на приложениот образец за членство до 15 јуни 2021 година.
По разгледување на формуларот од страна на тимот на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација” граѓанските организации/неформалните групи ќе бидат повратно информирани.
Ве молиме да го проширите овој повик до сите потенцијално заинтересирани граѓански организации/ неформални групи, ваши партнери и соработници, кои ги споделуваат вредностите на Платформата и се залагаат за истите.
Аплицирањето се врши електронски на следната e-маил адреса: youthcounter2021@gmail.com
Лице за контакт: Валерија Соколова-Стојановска, Проектен Директор, е-маил: vsokolova@iep.mk
Повикот, Формуларите за членство заедно со Условите и критериумите за членство, можете да ги најдете прикачени подолу:
- Повик за членство
- Формулар за членство на граѓански организации
- Формулар за асоцијативни членки
- Услови и критериуми за членство