
Автори: Афродита Муслиу, Претседател и оснивач на НЕКСУС Граѓански Концепт, и Ивица Симоновски.
Следејќи ги меѓународните и регионални практики во спротивставувањето на радикализацијата којаводи кон насилен ескстремизам и тероризам, како приоритетни безбедносни предизвици на денешницата и во насока на превентивниот процес, изработен е Прирачник за превенција од радикализација која води до насилен екстремизам за наставниот кадар од средните училишта во Република Северна Македонија (Препознај, Превенирај, Постапи).
Прирачникот ја истакнува важноста на образовните вредности и принципи во спротивставувањето на радикализацијата која води до насилен екстремизам.Холистичкиот и прагматичен пристап во системот на образование може да допринесе за промовирање на толеранција и развој на механизми за „рано препознавање“ на појави и идеологии кои промовираат насилен екстремизам.
Основната методолошка алатка во изработка на Прирачникот е анализа на позитивни меѓународни практики во спротивставувањето на насилниот екстремизам и радикализацијата усвоени во другите земји, а прилагодени и интегрирани на образовниот контекст на Република Северна Македонија. Овој прирачник е дел од активностите на проектот „Едуцирај за да превенираш“ во рамки на кои заради обезбедување релевантност во различни географски и социо-културни контексти, претходно беше реализиран истражувачки процес во неколку средни училишта во Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар врз основа на што е изготвена и основна студија.
Овде може да го најдете прирачникот на Македонски
Овде може да го најдете прирачникот на Албански