Нексус – Граѓански концепт

Нексус – Граѓански концепт

З.Г. „Нексус – Граѓански концепт“ е непрофитна, невладина и непартиска организација.

+389 70 999 425
Email: info[at]nexus.org.mk

Нексус – Граѓански концепт
Ул. Васил Ѓоргов 33/37, Скопје

Отвори преку Google Maps
  • English
  • македонски
  • ПОЧЕТНА
  • ПРОГРАМИ
    • П/БПНЕ
    • ЈАКНЕЊЕ НА МЛАДИТЕ
    • МЕЃУЕТНИЧКА КУЛТУРА И ТОЛЕРАНЦИЈА
    • МИГРАЦИИ
  • ПРОЕКТИ
    • АКТИВНИ
    • РЕАЛИЗИРАНИ
  • ПРОДУКТИ
    • АРХИВ
    • ПУБЛИКАЦИИ
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ

WE ARE HIRING! ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОГРАМСК/А/И КООРДИНАТОР/КА

WE ARE HIRING! ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОГРАМСК/А/И КООРДИНАТОР/КА

од admin / петок, 16 јули 2021 / Објавено во Реализирани проекти

Здружението на граѓани НЕКСУС Граѓански концепт Скопје – има потреба од ангажирање на Програмск/а/и координатор/ка со искуство во ефективен менаџмент, планирање, координација, имплементација и евалуација на програмски и проектни активности во организацијата. Позицијата предвидува полно работно време (40 часа неделно). Позицијата овозможува личен развој и надградба и динамична работна средина.

Предвидени задачи (опис на позицијата)

  • Задолжен/а за целосна и навремена имплементација на проектните и програмските активности и за постигнување на предвидените цели на програмата за работа на организацијата;
  • Координација на административните и оперативните текови во согласност со дефинираните организациски цели и стратегии;
  • Координација на персоналот во организацијата, спроведување периодична евалуација и подготовка на планови за развој;
  • Координација и учество во процесот на подготовка на стратешките документи на организацијата и придонес во развојот и имплементацијата на сродните планови, политики и процедури;
  • Подготовка на годишниот извештај и план на работа на организацијата во соработка со Претседател/ката;
  • Учество во подготовка на релевантни проектни апликации и обезбедување на фондови;
  • Одржување и градење партнерства со релевантни национални и меѓународни чинители;
  • Учество и претставување на организацијата на конференции, обуки и други настани во и надвор од земјата;
  • Извршување други слични задачи во согласност со потребите на организацијата.

Kвалификации:

Образование и работно искуство

  • Завршени најмалку додипломски студии во полето на политички науки;
  • Доколку додипломските студии се во друга област, релевантното работно искуство ќе биде земено предвид;
  • Најмалку 5 годишно работно искуство кое вклучува менаџирање на програми и/или проекти во областа на превенција и справување со насилен екстремизам, младински политики, ЕУ интеграција и/или блиски сродни области;
  • Искуство во спроведување на анализи и истражувања (квалитативни и квантитативни);
  • Работно искуство во мониторинг и евалуација на програми и проекти;
  • Искуство во спроведување на обуки и консултантски услуги;
  • Работно искуство во граѓанска или меѓународна организација ќе се смета за предност.

Познавање на странски јазици

  • Одлично познавање на албански и англиски јазик;
  • Познавање на некој од јазиците на другите етнички заедници ќе се смета за предност

Знаење и други вештини

  • Одлично познавање на програмски и проектен менаџмент и процедури за организациски развој;
  • Докажани способности за планирање, организација и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Ориентираност кон детали, висока ефикасност, проактивност и висока исполнителност;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини, лидерски и мотивациски способности;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите;
  • Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областите на делување на организацијата;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint и социјални мрежи

Работно време:

  • Од понеделник до петок од 09-17 ч.

Како да се пријавите

За да се пријавите, Ве молиме доставете:

  • CV (на англиски јазик);
  • Мотивациско писмо (на англиски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 500 зборови).

Вака подготвената пријава треба да ја испратите по електронски пат на nexus.civil.concept@gmail.com со наслов ПРОГРАМСКА КООРДИНАТОРКА/ПРОГРАМСКИ КООРДИНАТОР.

Рокот за пријавување е 20 јули, 2021 година до 16:00 часот.

Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат
контактирани и повикани на интервју.

 

 

  • Tweet
Tagged under: Announcement, Job, Program Coordinator, Vacancy

Последни објави

  • ПОВИК 3/2023 за ангажирање на ментор за поддршка при развој на идеи за развој на заедницата (А 3.2 – Б.Л 6.6)

  • ПОВИК бр. 10/2022 За избор на еден експерт за подготовка на (1) драфт стандардна оперативна процедура

  • Документи за потребите на членовите на Националниот комитет кои го спроведуваат Националниот план за РРР

  • „INCLUSIVE CLASSROOM FOR ALL CHILDREN“ Oсновни училиште Наим Фрашери, Општина Студеничани – Трет настан во заедницата

  • Second Round table discussion with local stakeholders on implementation of the previous and preparations for the new National Prevention Strategy of Violent Extremism (CVE) 2023-2026

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • Новости и активности
  • Програма за соработници
  • Прес
  • Годишни извештаи
  • Истражувања и анализи
  • Закони и регулативи
  • Тренинг програма
  • Објави од соработници

БИДЕТЕ ВО ТЕК

Претплатете се и добивајте известувања за сите наши најнови активности.

Не праќаме непотребни пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

T +389 70 999 425
Email: info[at]nexus.org.mk

Nexus Civil Concept
St. Vasil Gjorgov 33/37, Skopje

Open in Google Maps

Could not authenticate you.
  • СЛЕДЕТЕ НÈ
Нексус – Граѓански концепт


© 2017 Заштитени авторски права

НАГОРЕ