
ПОВИК
за ангажирање на едно лице – Проектен асистент кое ќе биде одговорно за извршување на проектни активности
Здружението на граѓани НЕКСУС – Граѓански концепт Скопје – има потреба од ангажирање Проектен асистент кое ќе биде одговорно за извршување на проектните активности.
Опис на задачата
- Административни работи за реализација на проектните активности (подготовка на повици, договори, документи за исплата, архивирање на документи, фактури);
- Реализација на активностите предвидени во акциските планови на проектите;
- Секојдневно следење на извршувањето на активностите;
- Подготовка на периодични и финални финански извештаи;
- Комуникација со програмскиот координатори и директор
Профил и квалификации на кандидатите
- Заинтересираните кандидати/ки треба да имаат завршени студии во делот на економксите науки;
- Задолжително е кандидатот/ката да има претходно работно искуство од најмалку една година во невладин сектор;
- Задолжително познавање на проектен циклус и најмалку една година работа со проекти;
- Искуство во подготовка на наративни и финансиски извештаи за проекти;
- Задолжително познавање на англиски, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Задолжително познавање на MS Office.
Потребни документи
Потребни документи кои треба да ги доставите се следниве:
- Кратка биографија (CV)
Доставување на документација
Потребната документација доставете ја пратите по пошта, или доставите во канцелариите на адреса ул. Никола Парапунов бр.41, зграда на Макотекс, канцеларија 308, или пак да ја испратите по електронски пат на следнава e-mail адреса: info@nexus.org.mk, со назнака ПОВИК за ангажирање на проектен асистент. Потребната документација испратете ја најдоцна до 09.07.2021 Документацијата пристигната после наведениот рок за доставување нема да се разгледува.
За дополнителни прашања може да се обратите се на: info@nеxus.org.mk